СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

SsangYong во теренска акција

 

Четири возила на SsangYong, помеѓу кои и целосно електричниот Korando, на најдобар начин ги демонстрираа своие вонасфалтни капацитети.

Корејците од SsangYong светот ги познава како SUV специјалисти. Од највисоката специјализирана класа.

Такви ги знаеме и ние, пред сé по SUV моделот Korando и големиот теренец, Rexton.

Кoн убавото друштвото пред извесно време се приклучи и капацитетниот пикап Musso, за да како најнов член на семејството се придодаде целосно електричниот Korando e- Motion.

SUV возилата ретко се впуштаат во теренски авантури, но со таа европска статистика воопшто не се помируваат претставниците на SsangYong. Без разлика дали во нив е вграден само преден погон или пак капацитетен 4×4 тие сакаат да возат надвор од асфалтот.

Тоа го знаевме и пред посетата на винаријата Барово. Сместена во централниот дел на државата таа висорамнина нуди идеални услови за одгледување на сортно грозје кое потоа се обработува во вина од највисок квалитет.

Една од тајните на екслузивноста на тие вина е и недопрената природа до која нема изградено ниту асфалтен пат. Еве одлина прилика за демонстрирање на теренските капацитети на SsangYong семејството.

И се ќе беше во доменот на очекуваното да во рамки на конвојот немавме и целосно електрично возило кое само што беше пристигнато во салонот на „Аутомакедонија“.

Подоцна ќе се покаже како непотребна нашата скепса во однос на Korando e-Motion и покрај фактот што во него е вграден само еден електромотор на предната оска, односно нема интегрален погон.

На чело на конвојот беше неприкосновениот теренец со пикап градба, Musso. Цврстата решеткаста шасија со лиснати опруги на задната оска, интегралниот погон со затворач на диференцијалот, големите тркала, дизел моторот од 2,2 литри со 202 КС, доволно говорат за потенцијалот.

Но тоа што пријатно не изненади беше глаткото возење на автопатските делници. Брзините во рамки на законските лимити се поминуваат со квалитет на лимузина, без притоа да има било какви нарушувања на удобноста.

И се разбира, моментот кога ќе се слезе од асфалтната подлога Musso со дочекува со нетрпение и со доза на голема самодоверба. Тука тој најдобро се чувствува, без притоа да покаже било каква нервоза, или некој момент на слобост. Едноставно тој се пробива напред не осврнувајќи се на пречките.

Подготвени за демонстрирање на својата моќ беа и влезниот, како и врвниот модел на Korando. Ценовно поприфатливата варијанта има погон на предната оска кој се пренесува преку рачен менувач.

Во поскапата варијанта погонот е интегрален (располага и со редуктор кој рачно се активира), а менувачот автоматски со шест степени на пренос.

И во двата за погон служи турбо бензинец од 1,5 литри кој ослободува 163 КС и момент од 280 Nm. Моторот со директно вбризгување го краси култивирана работа, и што е уште поважно, ниска потрошувачка.

Теренските предизивици се во домен на варијантата со интегрален погон, но пријатно знае да изненади и само предниот погон, што јасно укажува на одличната избалансиранот на Korando.

И повторно да се навратиме на апсолутниот светски новитет, Korando e-Motion. Да секако, отидовме до меѓата на општините Кавадарци и Демир Капија и се вративме назад без надополнување на батеријата.

Електричната верзија е изградена врз основа на постоечкиот Korando со тоа што батериите со капацитет од 61,5 kW се вградени под задната клупа.

Електромоторот од 190 КС (140 kW) е сместен напред, факт кој успева да ја анулира тежинската нерамнотежа која ја создава сетот на литиум-јонски батерии. Со едно полнење може да се поминат 340 км на отворен пат и околу 474 км во градски услови.

Како што е пракса кај EV возила вграден е кластер од елткронски инструменти а безбедносната опрема е групирана под заедничко има, Deep Control. За електричниот Korando најавена е почетна цено од 40K евра.

Убав беше тоа ден поминат во режија на „Автомакедонија“ а во изведба на моделите на SsangYong. Да, и дегустацијата на врвните вина на винаријата Барово одлично се вклопи во севкупната атосфера.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг