СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Škoda Superb: осовременување на чешкиот адмиралски брод

 

Tри и пол години по лансирањето на третата генерација, чешкиот знаменосец  е темелно преработен. Збогатена е и понудата: за прв пат ќе биде достапен и  Superb Scout, а до крајот на годината ќе биде воведен и хибридниот Superb iV.

Со големи надежи и длабока посветеност во 2015 година беше претставена Škoda Superb. Третата генерација на чешкиот знаменосец во технолошка смисла, е близнак со актуелната генерација на апсолутниот шеф во класата, неприкосновениот Passat.

Квалитетот на лимузината со средна големина беше веднаш препознаен од европските купувачи, па бројката од над пола милион продадени единици само ја потврди наклонетоста на купувачите.

Интересно е да се погледне податокот кој говори дека од вкупната продажба секој втор примерок е со каравански облик.

На половина од животниот век, чешките стратези решаваат да го осовременат својот адут. Škoda Superb е осовременета со апликација на нови технологии, а и во надворешноста се извршени благи промени кои се изведени во правец на унифицирање на изгледот со ново претставените модели на Škoda.

Новиот Superb Scout кој е подигнат од тлото и има интегрален погон, првенствено e неменет за клиентите фокусирани на мултифункционалност и модерен начин на живот, а караванскиот облик му ја дава потребната просторност за изведување на слободни активности.

Следејќи ги новите содржини наидуваме на опциските LED задни светла кои сега вклучуваат и динамични индикатори.

Новите системи за асистенција, како што се адаптивниот темпомат и системот за странична помош – кој работи на растојание до 70 метри – додатно го зголемуваат високото ниво на безбедност.

Потоа тука се и помошта при итни случаи, системот за следење на коловозна лента како и Front Assist системот за итно сопирање со заштита на пешаците.

Со сите подобрувања, а земајќи во обзир дека новиот Superb ќе се нуди исклучиво со автоматски DSG, тоа се одразува и на цените кои за дизелот од 190 КС во Ambition ниво на опрема започнуваат од 30.900 евра.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг