СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Škoda претстави спортска верзија на Enyaq iV

 

Понудата на електричната Škoda Enyaq iV е проширена со атрактивната Sportline верзија.

Во Škoda за Enyaq Sportline iV предвидеа малку подотеран дизајн со преден дел со глос-црни елементи на маската, кровните носачи, рамките на стаклата и задниот браник, како и 20 или 21-инчни тркала.

Автомобилот е нешто понизок, има нови спортски седишта со интегрирани наслони за глава, црна синтетичка кожа, сиви контрастни шевови, површини со имитација на карбон, трокрак кожен спортски управувач, алуминиумски педали…

Може да се бира меѓу три верзии – Enyaq Sportline iV 60 со 180 KS и батерии од 62 kWh со автономија од 400 km, потоа iV 80 со 204 KS и 82 kWh батерии кои му дозволуваат поминување на 520 km, како и најмоќната iV 80x верзија со 265 KS, истите батерии и погон на сите тркала.

Сите верзии имаат максимална брзина ограничена на 160 km/h.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV