СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

McLaren со хибридниот Artura започнува нова ера [видео]

 

На почетокот на октомври McLaren најави нов суперспортски автомобил со хибриден погон, со кој започнува една нова ера.

Уште пред претставувањето беше јасно што овој модел ќе значи за британската марка, бидејќи беше најавено дека освен што ќе биде хибриден, ќе има сосема нов мотор и нова шасија од јагленородни влакна.

Со тоа Artura, како што му е називот, доби статус на најзначајна премиера во историјата на McLaren после неговиот самостоен влез во светот на автомобилските производители пред цела деценија.

Моторот му е трилитарски твин-турбо V6 кој во комбинација со електромотор развива вкупно 671 коњска сила. Батериите му се литиум-јонски од 7,4 kWh, а нов е и осумстепениот менувач со двојна спојка.

Благодарение на новата архитектура од јагленородни влакна Artura тежи само 1.495 килограми, што се изразува на неговите перформанси – забрзувањето до 96 km/h за три секунди и максималните 330 километри на час.

Во електричен режим може да помине 30 километри со брзина до 130 km/h, а кога ќе се спотера побрзо го запираат карбон-керамичките сопирачки.

Тркалата му се од 19 инчи напред и 20 назад, со Pirelli пневматици со димензии 235/35 и 295/35, а внатрешноста му е на ниво на целиот пакет, дури и малку над тоа.

На купувачите на располагање ќе им бидат 31 боја на каросеријата, а продажбата како наследник на 570S ќе му започне во третиот квартал годинава, по цена од 185.500 фунти.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV