СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Seat Minimo: Мало, електрично, за во град

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: SeatMinimo not found

 

Електричниот квадрицикл е развиен за исполнување на предизвиците поврзани со  урабниот транспорт како и за исполнување на строгата законска регулатива против загадување на природата.

Лесна замена на сетот батерии

Во морето од слични електрични возила, Seat одлучи на Mobile World Congress во Барселона, да го прикаже Minimo, електричен квадрицикл за два патника.

Со должина од 2.5 и широчина од 1.24 метри, возилцето на паркинг зафаќа простор кој е двојно помал од најмалите градски автомобили.

За почеток тоа е одличен податок. На позитивното салдо на Minimo оди и податокот за високо поставените две седишта со што се обезбедува видливост слична на урбан кросовер.

За заокружување на агилноста тука се и големите 17 инчни тркала.

Додатен „багажник“

Интересниот дизајн со асиметрично поставени врати при што десната, поради зголемена видливост, е помала, во внатрешноста дозволува комотно сместување на два патника.

Тие седат еден зад друг а место за нозете има исто колку и во Seat Mii.

Кај електричните возила незаобиколен податок е автономијата со едно полнење. Веднаш да објасниме,батериите кај Minimo се сместени во посебни рамки на самата подница на возилото.

Затоа автономијата од 100 километри треба да се сфати условно, бидејќи сетот од батерии може брзо и едоставно да се замени со нов со што возењето може веднаш да продолжи.

Разликата помеѓу големите и условно кажано малите производители на ваков тип возила се состои токму во изградбата на одржлив систем кој ќе вклучува голем број примероци. Со тоа цената станува пристапна за поголем број корисници, како приватни така и во флотната продажба.

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV