СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Sayonara Honda!

Раководството на Honda одлучи – Civic во иднина ќе се произведува во Јапонија.

Предвиденото затворање на фабриката на Honda во Свиндон започна да ја добива својата форма – од идната година место таму, Civic ќе се произведува на јапонски терен.

Сé досега во игра беа Соединетите Американски Држави, бидејќи британската фабрика 70% од своето производство извезува таму.

За домашните, англиски купувачи се наменети 11% од продукцијата, а околу 6% се извезува во Јапонија.

Преселбата на производството на Honda Civic ќе значи и нејзино поскапување за 7,5%, колку што во моментов изнесува царината за увоз на возила од Јапонија во Европа.

Но доколку до нова година ништо не се измени, заради Брегзит британските купувачи ќе плаќаат за овој модел по 10 отсто повеќе.

Британската влада има намера до 2026 година да ја укине оваа царина. Во моментов на Островот Honda пласира околу 40.000 возила, што претставува една третина од нејзината европска продажба.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV