СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Renault Zoe: Жесток пречек на надоаѓачките конкуренти

Со зголемена силина и поголема автономија, со прегршт нови технологии и со поинаков изглед, Renault Zoe подготвено ги очекува надоаѓачките конкурентски модели.

Додека германските гиганти ги потготвуваат своите први електрични модели наменети за демосот, за крајот на годината Renault ја подготвува третата генерација на најпродаваниот електричар, Zoe.

Пропорциите на редизајнираниот модел и понатаму остануваат исти (408 x 173 x 156 cm) но наместо модифицираната платформа од Nissan Leaf сега во употреба се става новата “Alliance Electric Platform”.

Таа е амбициозна проектирана така да врз неа ќе се градат идните субкомпактни и компактни електрични модели на алијансата.

Зголемувањето на силината на моторот од 80 на 100 kW (136 КС) и на капацитетот на батериите од 40 на 52 kWh резултира со автономија од 390 км и максимална брзина од 140 км/ч.

Позитивни померувања има и во забрзувањето кое сега изнесува 9.5 секунди. Сите наведени податоци се измерени според новите WLTP стандарди, факт што значително ги доближува ветените и практичните остварувања.

За четиривратно возило со тежина од преку 1.500 кг од кои само на новата генерација на литиум-јонските батерии отпаѓаат 326 кг, ова е резултат кој заслужува посебен респект.

Новитет е и можноста за полнење на батериите со еднонасочна како и со трофазна електрична струја, која се остварува преку посебни конектори.

Надворешните естетски дотерувања ги надминуваат интервенциите од „мејкап“ стилот, додека во внатрешноста промените се уште поизразени.

Кај целосно електричните возила конективноста веќе е поставена како стандард, така да комуникацијата преку двата најраспостранети системи Apple CarPlay и Android Auto е сосема очекувана.

На располагање се става и цела низа на безбедноси и сигурносни уреди кои Zoe го доближуваат на чекор до автономно управување.

Тоа веројатно кај оваа ценовна класа нема да се случи во блиска иднина – истата констатација ќе важи и за надоаѓачката конкуренција која е најавена во облик на Opel Corsa и Peugeot 208.

Добро, ним ќе им се спротивстави електричната верзија на новиот Renault Clio кој ќе користи идентична технологија како и Zoe. Искрено, со нетрпение ја очекуваме најавената електрична битка во „Б“ сегментот.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот