СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Renault „доброволно“ ќе ја национализира Lada

 

Сопственоста на Renault во рускиот АвтоВАЗ испадна премногу токсична за француската група.

Затоа, ако се покажат точни вестите, Renault ќе го продаде својот дел во рускиот автопроизводител за цена од 1 рубља, односно за помалку од еден денар.

Со тоа, нов сопственик на АвтоВАЗ ќе стане државниот технички институт НАМИ, основан во 1918 година за развој на автомобилската индустрија во постреволуционерната земја.

Како и да звучи овој потег на Французите, Renault едноставно немаше многу избор – можеше да чека што ќе се случи или да преземе нешто.

А тоа нешто всушност е мудра одлука бидејќи се споменува клаузула за повторен откуп на 68-те отсто на акциите од производителот на Lada во рок од пет-шест години, иако по повисока цена.

Истата формула ќе биде применета и за руската фабрика на Renault, поранешен Автофрамос, која ќе премине во рацете на московските градски власти.

На крајот на минатата година Renault ја процени вредноста на својот бизнис во Русија на 2,2 милијарди евра и од таму остварува 10 отсто од своите приходи.

Renault и француската држава која има 15 отсто сопственост во него, одбија да ја коментираат оваа вест која ја пласираше рускиот министер за трговија.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот