СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Renault го модицира своето лого

Најпрвин тоа го направи Volkswagen, потоа следеше Opel, а еве сега во симплификацијата на логото им се придружува и Renault.

Новото и старото (тридимензионално) лого

Автомобилската револуција која е во тек, влијае на сите сегменти од настапот. Технолошкиот напредок се истакнува и со промена на досегашните логоа.

Поточно се работи за нивно дизајнерско поедноставување кое би требало да го симболизира преминот на повисоко ниво.

Новиот тренд го започна Volkswagen, го продолжи Opel, а од неодамна истото го стори и Peugeot. Играта сега ја прифати и Renault кој без никакви претходни најави го смени своето лого.

Додуша новиот „ишарет“ го видовме на концептот Renault 5, но веројатно поради мноштвото новитети малкумина реагираа на него. Во таа прилика ниту производителот не се потруди  да го промовира ново лого, но сега доаѓаат потврди дека од идната година ќе започне да се појавува на сите сериски модели.

Логото претставува поедноставена верзија на логоата кои се користеа во периодот помеѓу 1972 и 1992 година, а преплетувањето на рабовите на дијамантот треба да го симболизира движењето кон напредокот.

Историски развој на логото на Renault

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV