СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Крагуевац се сели во Словачка

 

После само 80 работни дена и 20.000 произведени автомобили лани, со право се поставува прашањето дали фабриката на Fiat во Крагуевац ќе ја преживее транзицијата.

Одговорот од Stellantis за нејзината иднина сé уште се чека, иако засега прогнозите не се најдобри, но сепак се подобри од оние на италијанските фабрики на FCA.

А во меѓувреме се појави нова причина за загриженост – на огласните табли низ погоните на некогашната Zastava осамна соопштение со кое се бараат работници за работа во Словачка, во фабриката на PSA во Трнава.

Најмногу слободни работни места таму има на монтажната лента, според некои непотврдени и неофицијални информации дури неколку стотина.

Но одзивот е слаб – понудената плата од 900 евра минус станарината и трошоците за престој што работниците сами ќе си ги плаќаат, не се атрактивна понуда за нив.

Раководството на фабриката пак тврди дека тоа и не е така лошо бидејќи придонесите од платата и пензиското осигурување кои ќе ги плаќа централата во Крагуевац не се вклучени во таа сума.

И додека некои, меѓу кои и синдикатот во оваа гледаат прилика работниците нешто да заработат бидејќи се понудени договори за работа на периодот од 12 месеци, јавноста ја гледа насоката во која ќе се движи иднината на фабриката.

А таа е – катанец на врата.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV