СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Renault ги пензионира Espace, Scenic, Talisman и Alpine

 

Очекуваната економска криза која доаѓа како последица од пандемијата на COVID-19 веќе силно тропа на вратите на автомобилските производители.

Пандемијата предизвика стопирање на сите економски текови. Повторното рестартирање ќе чини многу пари, и тоа во време кога парите се поприлично скапи.

Интензивните економски гранки како што бездруго е производството на автомобили, се посебно погодени. Таму застојот се мери во бројки зад кои се редат многу нули.

Во Renault од идниот месец на позицијата бр.1 стапува Лука де Мео (Luca de Meo) кој ќе биде пречекан со одлука за отпуштање на околу 15 илјади работници.

Таа мерка не е едиснтвена, следат кратење на трошоците за 2 милијарди евра (во наредните 3 год.) и намалување на годишното производството од 4 на 3.2 милиони возила.

Згора на тоа, супер успешните моноволумени, Espace и Senic како и Talisman, новата лимузина од средна класа, ќе бидат присилно пратени во пензија.

Истата судбина ја дели и спортскиот бренд Alpine кој само што почна да се етаблира со нова серија спортисти со ретро изглед.

Нималку пријатно добредојде за новиот шеф, кој доаѓа од водечката позиција на Seat.

Меѓу состојбите диктирани од престанокот на работата и плановите за иднина, на мала врата се протна одлуката за преструктуирање на производното портфолио кое сега ќе оди во прилог на електричните возила.

Воведените рестриктивните мерки очигледно не се доволни за справување со тешкотиите.

Денес (03.06.) пристигна веста дека Renault се задолжува кај комерцијалните банки за нови 5 милијарди евра а како гарант за кредитот се појавува Француската влада.

Убедени сме дека овој обемен и пред се тежок план за санација на францускиот производител, нема негативно да се одрази на квалитетот, но и на цената на новите возила.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот