СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

BMW Serie 4 Coupe: Бубрежна доминација (видео прилог)

 

BMW 4 Coupe прави силна визуелна отстапка и од својот претходник но и од донаторот на механичката основа. Карактеристичните бубрези никогаш не биле по доминантни.

По ланската премиера на новата „тројка“ никој не можеше да претпостави дека купе варијантата ќе навлезе во нови дизајнерски полиња.

Поточно, дека ќе ја изгуби трагата од својот механички донатор. И секако, дека силно ќе раскрсти со својот претходник.

Носител на новата визуелизација е маската на која доминираат традиционалните бубрези, но сега во XXL-формат. Променетите пропорции само го дополнуваат спортскиот впечаток.

Подолг, поширок, понизок

Должината од 477 cm (+ 12.8 cm), широчината од 185 cm (+ 2.7 cm) и височината од 138 cm (+ 0.6 cm) јасно ја покажуваат намерата да се угоди на возачите кои преферираат чисто спортско доживување.

Зголеменото меѓуоскино растојание (285 cm) би требало колку толку да го ублажи недостатокот на простор на задната клупа.

За рамноправен третман на патниците сместени на позиции три и четири сепак ќе мора да се попричека Grand Coupe верзијата.

Во склад со имиџот е конципирана и опремата. Кожниот ентериер со спортски управувач и седишта доаѓа како стандардна опрема.

Исто како и комплетното LED осветлување, поголемиот „хедап“ дисплеј, ветробран со посебна акустична изолација, трозонска климатизација.

Бидејќи Serie 4 Coupe е дизајнирано како машина за задоволство при возење, во неа се вградува и систем за подесување на суспензијата.

За поголема крутост, инженерите имаат интегрирано дополнителни стабилизатори во моторниот простор кои практично ги има насекаде околу моторот. Постојат и дополнителни зацврстувачи на задната оска. Споредено со седанот од Serie 3, купето е за 21 милиметар пониско.

Моторизација

Три бензиски и два дизел мотори се во првичниот налет на Serie 4 Coupe. Тие се комбинираат со шест степенски мануелен или пак со 8-степенски автоматски менувач.

Интегралниот xDrive погон е достапен само кај M440i и 420d, додека Mild Hybrid технологијата (11 КС) не е на располагање само кај дволитрениот бензинец.

Табелата со деталните технички податоци е дадена подолу.

 

Цилиндри/ вентили  4/4 4/4 6/4 4/4 4/4
Зафатнина 1.998 ccm 1.998 ccm 2.998 ccm 1.995 ccm 1.995 ccm
Гориво Бензин Бензин Бензин Diesel Diesel
Силина 184 КС 258 КС 374 КС 190 КС 190КС
при бр. на вртежи 5.000 – 6.500/min 5.000 – 6.500/min 5.500 – 6.500/min 4.000/min 4.000/min
Вртежен момент 300 Nm 400 Nm 500 Nm 400 Nm 400 Nm
при бр. на вртежи 1.350 – 4.000/min 1.550 – 4.400/min 1.900 – 5.000/min 1.750 – 2.500/min 1.750 – 2.500/min
48-волтна Mild-Hybrid технологија (силина) 11 КС 11 КС 11 КС
Перформанси
Забрзување 0–100 km/h 7.5 sec 5.8 sec 4.5 sec 7.1 sec 7.4 sec
Максимална брзина 240 km/h 250 km/h 250 km/h 240 km/h 238 km/h
Потрошувачка
при урбана употреба 6.6 – 7.2 l/100 km 7.3 – 7.7 l/100 km 8.6 – 9.0 l/100 km 4.5 – 4.9 l/100 km 4.8 – 5.2 l/100 km
на отворен пат 4.6 – 5,0 l/100 km 4.8 – 5.3 l/100 km 5.7 – 6.0 l/100 km 3.6 – 3.9 l/100 km 4.0 – 4.2 l/100 km
просечна 5.3 – 5.8 l/100 km 5.7 – 6.1 l/100 km 6.8 – 7.1 l/100 km 3.9 – 4.2 l/100 km 4.3 – 4.6 l/100 km

 

BMW Serie 4 Coupe во продажните салони ќе се појави кон крајот на годината, а цените сеуште не се соопштени. Најавите од BMW се дека цените ориентационо ќе бидат за 5.000 евра поскапи отколку за идентичен модел од серијата 3.

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: BMW

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот