СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Range Rover Evoque: Од Rooftop перспективите изгледаат поинаку

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: RangeRoverEvoque not found

 

Range Rover има целосно нов Evoque кој ги носи сите благороднички гени на своите претходници. Луксузниот компактен SUV го задржува софистицираниот изглед како и можноста со него да се излезе по беспаќа. Најмалиот „ренџ“ сега се нуди со почетна цена од 46.500 евра.

Качен на највисокото плато од катна гаражата, новиот Evoque симболички ја покажува позицијата за која е предодреден. Тој мора да биде на самиот врв, тука му е природното место.

Во присуство на своите поголеми браќа кои за приликава останаа надвор од свечената сала, најновиот „ренџ“ беше претставен пред бројни гости, лубители на брендот..

Одличната атмосфера беше пропратена со обраќање на менаџментот на компанијата, за да потоа кулминира со појавување на двата примерока од зад параваните.

А тоа што се појави по кревање на димната завеса ги воодушеви присутните гости. Прекрасно парче автомобил кое во себе носи племенска сина крв, збогатено со апликација на бројни иновативни технологии.

Погледот кон таблиците со технички податоци ни открива дека во новиот Evoque се вградуваат по три четирицилиндрични мотори од по два литра.

Дизелите ослободуваат 150, 180 односно 240 КС, додека бензинците 200, 250 или 300 КС.

Тука ќе прекинеме со изнесување на техникалиите од едноставна причина за да првичниот впечаток не го замаглиме со интерпретација на суви бројки.

Она што сепак ќе мора да го истакнеме е дека влезот во светот на Range Rover чини 46.500 евра, колку што всушност изнесува почетната цена на новиот Evoque.

Со приложената фото галерија ќе се обидеме да ви пренесеме само еден дел од свеченото претставување на новата едиција на Range Rover Evoque.

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг