СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Polestar Re_Move – Нешто сосема поинакво

 

Кога ќе се спомене Polestar веднаш се помислува на нешто моќно и брзо, но ова што го гледате е нешто сосема поинакво.

Во соработка со германскиот индустриски дизајнер со српско потекло Константин Грчиќ, производителот на електрични мотоцикли Cake, производителот на алуминиум Hydra и списанието за дизајн Wallpaper Magazine, Polestar разви концепт на мало возило за достава под назив Re_Move.

Иако во основа електричен тротинет со три тркала, тоа е многу повеќе од тоа бидејќи има шасија од рециклиран алуминиум доволно цврста да издржи дури 275 килограми.

Во овој момент Polestar не нуди никакви технички детали за ова необично возило, освен дека е конструирано така да може да се вози по велосипедските патеки.

Re_Move засега постои само во компјутерите на неговите креатори, а претставувањето на првите функционални прототипи е планирано за есенва.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV