СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Pininfarina изработи дизајн за две возила на виетнамски производител

 

Познатата дизајнерска куќа од Италија е договорена да изработи дизајн за еден седан и еден SUV за виетнамскиот производител VinFast.

Како дел од големата трговско-производна компанија Vingroup, VinFast планира производство на 100 до 200 илјади автомобили годишно. За остварување на таа цел првично се планирани еден седан и еден SUV со седум седишта. Ништо спектакуларно би се рекло, но притоа треба да се знае дека во моментот виетнамската автоиндустрија воопшто и не постои.

Амбициозните планови на VinFast, според кои првите возила треба да се појават есенва на салонот во Париз, се базираат врз изгледот кој и е доверен на една од врвните светски куќи, Pininfarina.

За да изгледа се како што налага редот, првите модели на првиот виетнамски автопроизводител, се избрани на јавен конкурс објавен во октомври 2017, и на кој се пријавиле дваесетина реномирани светски студија.

Pininfarina со своите решенија за седанот за пет лица и SUV моделот со три реда, гарантира современ и атрактивен изглед со кој производителот има амбиции да им конкурира на увозните автомобили.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV