Жирито на „Aвтомобил на годината во Германија“ (GCOTY) го прогласи новиот Peugeot 308 победник во категоријата Compact (<25K evra). Заедно со победниците од останатите 4 категории тој е кандидат за добивање на престижната награда за 2022 година.
Жирито за избор на „Автомобил на годината во Германија“ е востановено во 2019 година, а во неговата работа учествуваат 20 специјализирани автомобилски новинари.
GCOTY најпрвин избира победници во петте категории за да подоцна еден од нив се закити со највредната титула.
Годинава победници по категории се Peugeot 308 (Compact, <25K евра); Kia EV6 (Premium, <50K евра ); Audi E-Tron (Luxury, >50K евра); Hyundai Ioniq 5 (New Energy) и Porsche 911 во категоријата Performance.
Гран при наградата „Автомобил на годината во Германија за 2022“ ќе ја понесе еден од победниците по категории, и тоа возилото што ќе добие највеќе гласови од специјализираните автомобилски новинари кои го сочинуваат жирито.
Во образложението кое го приложи службата за информирање на „GCOTY 2022“, Peugeot 308 е избран од 11-те нови компактни модели претставени од 9 производители на автомобили.
Стратегијата „Моќта на изборот“ која ја употреби Peugeot беше од посебен интерес за жирито поготово што таа им обезбедува на клиентите избор помеѓу бензински, дизел и два plug-in хибридни мотори.
„Ова е прва награда за новата генерација на PEUGEOT 308. Многу сме горди што 308 успеа да се наметне во компактната класа во Германија.
Голема благодарност до жирито за автомобил на годината во Германија и целиот тим на PEUGEOT.
Успехот, исто така, ни покажува дека сме на вистинскиот пат со стратегијата „моќта на изборот“ и нашиот постојан пат кон електромобилноста.
Со новиот PEUGEOT 308, веќе електрифициравме 80 % од нашата понуда на автомобили“ – изјави Haico van der Luyt извршен директор во PEUGEOT Германија
Инаку појавувањето на секоја нова генерација на Peugeot 308 предизвикува голем интерес во индустријата, a поготово кај лубителите на францускиот шарм.