СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Peugeot 208: Модел наменет за сите

Пред домашната стручна јавност свечено беше одбележано доаѓањето на новата генерација на Peugeot 208 кој сега настапува со изразени амбиции за освојување на највисоката позиција во својата класа.

Возилата со троцифрена ознака од која првите две бројки секогаш се „20“ за Peugeot имаат посебно значење. Историјата започнува на почетокот на триесетите со Peugeot 201, и трае, … трае се до денешен ден.

Сега е на сцена второто поколение кое се означува со 208. Првото претставено во 2012, иако сеуште изгледа свежо и современо, пратено е во заслужена пензија.

Новиот преставник на Peugeot во најпродаваниот европски сегмент, настапува самоуверено. Тој е подолг (+9 cm), поширок (+6 cm) и понизок (- 3 cm) од претходникот.

Изграден врз модифицирана CMP (Common Modular Platform) платформа и со надворешни димензии (406 x 175 x 143) cm, ветува поголем комфор на сите седечки позиции.

„Unboring the future” – новиот потпис со кој Peugeot го дава своето ветување дека иднината нема да биде здодевна.

Со ова брендот алудира на тоа дека предизвикот е прифатен и модел по модел започнува да ги претставува возилата на  иднината.

Постојат одредени елементи кај новиот Peugeot 208, за кои е вредно да го добие вашето внимание.

Ние сме подготвени да ги задоволиме барањата на најпребирливите клиенти. Јасно ја следиме нашата стратегија за репозиционирање на брендот неколку склалика повисоко, а со тоа смело предизвикуваме потенцијални клиенти од премиум круговите“ – изјави Ивана Манчева Михајловска, маркетинг директор.

Гледано од чист механички аспект новата „двеста осмица“ и тоа како има што да понуди – од докажаниот трицилиндерски бензинец од 1.2 литри кој испорачува 75, 100 и 130 КС. Тука и и дизелот 1.5 HDi со рамно 100 КС а во поглед на трансмисијата, за прв пат во класата се нуди и автоматски менувач со 8 степени на пренос.

„Новиот Peugeot 208 нуди цела гама на мотори од последната генерација која што ги исполнува побарувањата на Еуро 6 нормите.

Воедно, новиот 208 е богато опремено возило, со најнови технолошки иновативни решенија кои досега можеа да се сретнат во моделите од повисоките сегменти, со одлични возни својства и беспрекорно држење на патот.

Се поставува прашањето, кому е наменет овој модел?

Одговорот е мошне едноставен, наменет е на сите! Без разлика на полот мажи/жени и без разлика на возраста, новиот Peugeot 208 е наменет на сите“ – изјави Томислав Нафидов, директор на продажба.

Новиот Peugeot 208 се нуди во четири новоа на опременост – Like, Active, Allure и GT Line.

Цената на моделот се движи од 12.990€ за бензискиот PureTech мотор со 75 КС, па се до 22.660€ за GT-Line изведба со бензиски PureTech агрегат со 130 КС и 8 степен автоматски менувач.

 

 

A.С.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг