СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Peugeot и Fiat се споија во Stellantis

 

Акционерите на Fiat Chrysler и PSA групата го изгласаа настанувањето на Stellantis со спојувањето на нивните две компании.

На одделни заседавања, одржани преку интернет, акционерите на FCA и PSA со повеќе од 99 отсто позитивни гласови ја дадоа својата поддршка за нивно спојување.

Со тоа, веќе од 16 јануари годинава ќе започне да функционира Stellantis кој ќе биде четвртиот по големина автомобилски производител во светот.

Извршниот директор на PSA, Карлос Таварес и претседателот на FCA, Џон Елкан го нарекоа спојувањето на своите две компании настан од голема важност кој ќе испише нови поглавја во индустриската историја на Франција, Италија и САД.

Тие истакнаа и дека во оваа ера на промени во автомобилската индустрија заеднички ќе одиграат водечка улога во изградбата на иднината, што впрочем е и идејата која ги спои.

Новата компанија годишно ќе произведува 8 милиони автомобили и на партнерите ќе им штеди по пет милијарди евра.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV