Новиот Metropolis е првата голема премиера откако француската мото-марка стана дел од најголемиот производител на трактори во светот, индискиот гигант Mahindra.
Кога во 2006 година се појави Piaggio MP3, беше дискутабилно дали може да се класификува како мотоцикл.
Но на купувачите тоа им беше сеедно – концептот со две предни тркала ним им се допадна и им го привлече вниманието.
Реагираа и другите мото-производители, додуша доста покасно – Yamaha со Tricity во 2014-тата, а една година пред тоа и Peugeot со Metropolis.
Откако Јапонците лани го обновија својот адут, прашање на време беше кога ќе се појави новата генерација на Metropolis.
На прв поглед се забележува дека е доста поубав од претходникот, за што голема заслуга имаат светлата кои потсетуваат на Peugeot 208.
Стилскиот изглед на целиот трицикл е значително поаглест, со повеќе атрактивни детали.
Ажурираниот мотор од 400 кубни сантиметри кој има 35,6 KS сега ги исполнува Еуро 5 нормите и со него Metropolis постигнува 145 километри на час.
Peugeot Metropolis кој се произведува во Франција, е достапен во снежно бела, полноќно сина, амазонит сатенска сина и мат црна боја, по висока цена која опасно се доближува до десет илјади евра. Според европските правила, може да се вози со А или Б категорија и наполнети 21 година.
Заедно со Peugeot Motocycles, во состав на Mahindra покрај другите нам слабо познати компании, се уште и Pininfarina, SsangYong, B.S.A. и индиската филијала на Ford.