СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Opel Combo i Combo Life: Новата технологија сега е достапна за сите

 

Двете верзии на Opel, товарната  Combo и патничката Combo Life во најновото издание се преполни со нови технологии сé досега достапни само кај патничките автомобили.

Петтата генерација на компактниот мултифункционален Opel Combo е веќе подготвена. Практичен, удобен и над сѐ иновативен, новакот е достапен во верзијата Combo Life и верзијата Combo и двете достапни во бројни варијанти. Combo Life и Combo се достапни како стандардна (4,40 метри) или XL (4,75 метри) верзија.

Семејниот ван опциски е достапен со пет или со седум седишта со изобилство на багаж кој досега до 2.693 литри .

Транспортерот кој во суштина е лесно комерцијално возило, исто така е достапен со кабина за екипаж и со отворен покрив. Тој нуди обем на товарање до 4.4 м3, простор доволен за транспорт до две Еуро палети чија носивост смее да оди до 1.000 кг.

Оваа извонредна флексибилност е овозможена од целосно новата архитектура базирана на софистицирани решенија. Благодарение на иновативниот пристап, новата генерација Combo нуди богатство на нови технологии и системи за помош, досега невидени кај сегментот на лесни комерцијални возила.

Затоа, професионалците и работниците кои користат комерцијална верзија на Combo може да имаат речиси исти карактеристики, безбедност и удобност како и семејствата.

Бројни системи за помош на возачот и безбедносни системи како автоматски темпомат до предупредување за судир со откривање на пешаци и автоматско сопирање во итен случај. Тој список продолжува преку предупредување за поспаност на возачот се до покривање на слепите точки на десната страна на возилото па дури и Headup дисплеј, а сите тие заедно имаат улога за зголемување на безбедноста на семејството во Combo Life, како и за патниците на Combo.

Покрај тоа, адаптивниoт систем за контрола на тракцијата IntelliGrip со пет режими, гарантира дека сопствениците на Combo можат да ги напуштат асфалтираните патишта за послободни активности или за лесен пристап до градилиштата со каллива, песочна или дури снежна површина.

Возачите на Combo Life i Combo се целосно поврзани благодарение на последната генерација на AppleCarPlay и компатибилните инфозабавни системи со AndroidAuto со тачскрин екран во боја од осум инчи.

Под хаубата, клиентите можат да изберат различни турбо бензински и дизелски мотори. Сите погонски единици комбинираат високо ниво на агилност со примерна ефикасност на горивото.

Во однос на преносот Combo и Combo Life се достапни со рачен менувач со пет или шест степени – за прв пат во Combo – со опционалeн осум степенски автоматски менувач. Така, Opel уште еднаш ги направи водечките технологии достапни за широка публика во овој сегмент.

Варијантата LCV ќе ја има својата светска премиера на саемот за комерцијални возила на IAA во Хановер (20-27 септември 2018 година).

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV