Од идната пролет започнува производството на целосно електричната верзија на Astra (Astra Sports Tourer). Со едно полнење може да помине до 416 километри.
Новата генерација на Astra е одлично примена од публиката.
Изградена врз платформа која може да понесе бензиски и дизел мотори, таа е способна да угости и сет батерии заедно со погонски електромотор.
Opel Astra и досега не заостануваше во електрификацијата – во неа вредно работат и Plug-in хибридните погони.
Сега за прв пат говориме за погон кој доаѓа само од електромотор. Влезот во друштвото со нулта емисија на штетни гасови се прави во веќе препознатливиот стил кој ја новата Astra.
Astra Electric, како и караванот Astra Sports Tourer Electric, над предната оска имаат електромотор од 115 kW (156 КС) и вртежен момент од 270 Nm.
Погонската група може да повлече далеку над 170 км/ч но и тоа е доволно за да ја надмине преќутно договорената граница од 160 км/ч.
Литиум јонските батерии поставени на долниот дел од Astra имаат капацитет од 54 kWh што е доволно за поминување до 416 километри. И тоа мерено според WLTP процедурите.
Во менаџирањето на капацитетот може да помогне и возачот. Со избирање на еден од начините на возење: Eco, Normal или Sport директно се влијае на темпото на празнење на батериите.
Испразнетите батерии можат да се наполнат до вредност од 80% за само половина час. Но, само ако се работи за брз полнач (од 100 kW), во спротивно оживувањето на електричната силина ќе потрае малку подолго.
Сериски се испорачуваат трофазни кабли кои може да пренесат 11 kW (поедноставно кажано, струја со јачина од 25 ампери), а тоа е токму стандардот според кој се изградени ѕидните полначи.
Економичноста е загарантирана со ефикасното намалување на отпорите, затоа и не треба да изненади ниската вредност на специфична потрошувачка од само 14,9 kW/100 km.
Во останатиот дел Astra ги покажува сите атрибути кои ги красат и повисоките нивоа на опрема на класичните погони.
Уште да напоменеме дека Astra Sports Tourer е првиот класичен караван произведен во Европа кој има целосно електричен погон.