СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Opel се враќа на рускиот пазар

 

Во рамки на PACE! планoт, Opel планира враќањето на рускиот пазар да го започне со понуда на Grandland X, Zafira Life и Vivaro кои ќе бидат понудени во чевртиот квартал од годинава.

Opel продолжува со својата извозна офанзива – брендот повторно ќе ја оживее својата традиција, уште во текот на оваа година понудувајќи дел од актуелните модели и на рускиот пазар.

Во почеток ќе бидат понудени Grandland X од Ајзенах и новата Zafira Life и Vivaro од руско производство, односно од  производните линии на групацијата PSA во Калуга.

„Значителен раст на нашиот профитабилен извоз е еден од клучните столбови на нашиот PACE! план! Ние направивме значителен напредок во оваа област”, рече Мајкл Лохшелер, главен извршен директор на Opel.

„Русија е голем, стратешки важен и атрактивен пазар со голем потенцијал. Како германски бренд со многугодишна традиција и одлична репутација во оваа земја, ние ќе имаме корист. Фактот дека сме способни да произведуваме локално е одличен пример за тоа колку е важно Opel да биде дел од PSA групацијата“, додаде Лохшелер.

Првично, 15 до 20 дилери во најголемите градови во земјата ќе станат партнери на Opel. Овој број потоа ќе биде двојно поголем. Растот во Русија се планира чекор по чекор. Како и со било кој друг пазар, главниот приоритет на Opel е да се зголеми профитабилно со високо ниво на задоволство на купувачите.

Еден од засилувањата на тимот на Opel во Русија ќе биде Драган Ненадовиќ, поранешен директор на Opel за Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Бугарија. Во периодот од 2005 до 2008 година, Ненадовиќ веќе беше дел од менаџерскиот тим на Opel во Москва.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот