Годинава Opel слави 120 години од постоењето, што е одличен повод да се лансира специјална едиција, Opel Corsa “120 Years“.
Во 2019 година, Opel слави 120 години автомобилско производство – и со тоа полни 120 години со иновации за сите.
Ова ја прави мобилноста достапна за многумина, а автомобилите побезбедни, почисти, поудобни и практични. Рекламната кампања за 120 години, “Opel. Роден во Германија. Направен за секого” се базира токму на оваа филозофија.
Истиот пристап важел и за првиот Opel – “System Lutzmann” од 1899 година – како и за сите други модели што следеле, од “Doktorwagen” до “Laubfrosch”, P4 и Kadett. Денес филозофијата одговара на Opel Corsa повеќе од кој било друг модел.
Од претставувањето на првата Corsa во 1982 па се до сега вкупната бројка на продадени примероци изнесува 13.5 милиони, бројка која силно го обврзува производителот од Риселсхајм.
Токму поради тоа за јубилеен модел е избран бестселерот кој е пригоден за широк спектар на купувачи.
Стандардната опрема на специјалниот модел Corsa е поставена над верзијата “Edition” и вклучува системи за помош како што е задeн Park Pilot и Cruise Control.
Удобноста е зголемена со карактеристики како грејачи на седиштата, грејач на управувач и велур теписи. Покрај атрактивните цени, моделите “120 Years” исто така се одликуваат со тркала од лесна легура и стилски детали од хром, како и логоaта “OPEL” и “120 Years ” на страниците на вратите.
Цените за Opel Corsa “120 Years ” во Германија започнуваат од 15.440 евра со вклучен ДДВ (Corsa 1.2 со 51 kW/70 КС и петстепен мануелен менувач). Со дополнителна опрема вредноста може да достигне и до дополнителни 2.540 евра.