СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Opel: Моделска офанзива до 2020 година

 

До 2020 година Opel планира претставување на осум целосно нови или редизајнирани модели.

Opel продолжува да го исполнува PACE! Планот за офанзива на производи што ќе ги задоволуваат потребите на потрошувачите.

Од почетокот на 2019 година до крајот на 2020 година, компанијата ќе претстави осум нови или освежени модели, што ќе значи дека Opel ќе поседува еден од најновите портфолија од сите производители.

Само во 2019 година, Opel ќе ја промовира новата генерација на најпродаваната Corsa, и наследникот на успешните Vivaro во патничка и LCV варијанта.

Наследникот на многу популарната Opel Mokka X ќе следи во 2020 година и ќе игра клучна улога за стратегијата за проширување на процентот на продажбата на SUV сегментот на компанијата од 25 до 40 проценти, до 2021 година.

“Opel goes electric” беше една од обврските што ги превзема компанијата во ноември 2017 година како дел од својoт планот, PACE!. Книгите за нарачки за новата Corsa со пет седишта и Grandland X PHEV ќе бидат отворени до летото 2019.

До крајот на 2020 година, Opel ќе има вкупно четири електрифицирани модели на понуда, кои ќе ја трансформираат побарувачката на е-автомобили од имиџ до конкретни продажни бројки. До 2024 година, ќе има електрифицирана верзија на секој модел на Opel со тоа компанијата целосно ќе ја демократизира електромобилноста.

Во служба на оптимизација и фокусирање кон по доходовните моели, Opel ADAM, KARL и Cascada нема да бидат заменети по завршувањето на нивниот животен циклус, кој ќе трае до крајот на 2019 година.

Корисниците ќе имаат корист од широкото воведување на иновативни технологии и достапната електрификација “, вели Михаел Лохшелер, извршниот директор на Opel. “Најновите награди – како IVOTY 2019 за нашиот Combo – покажуваат дека сме на вистинскиот пат”.

Германскиот производител со речиси 120 годишна автомобилска традиција ги користи платформите на Groupe PSA и иновативните технологии за погон за сите нови модели. Opel е веќе целосно подготвен за новите стандарди, Euro 6d-TEMP и нуди широка палета од 127 модели на патнички и LCV возила кои веќе ги исполнуваат овие норми.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV