СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Nissan Qashqai, нова генерација [видео]

 

Nissan ја претстави третата генерација на Qashqai кој пред 14 години беше зачетник на класата возила без која денес е невозможно да се замисли светот на автомобилите.

Кросоверите се апсолутни владетели на пазарот, а Qashqai беше прв во својот сегмент. Од појавувањето Nissan од него во Европа продаде повеќе од три милиони примероци, кои го дефинираа неговото наследство што новата генерација мораше да го почитува.

Изгледот сепак целосно му е променет. Презеде некои дизајнерски елементи од новиот Juke и сега изгледа малку поагресивно од претходникот.

Посебно интересен е предниот дел со необичните светла, додека задниот изгледа поробусно. За таков впечаток придонесуваат и големите тркала.

Вкупната должина му е зголемена за 4 cm, висината за 1, ширината за 3, а меѓуоскиното растојание за 2 сантиметри, со што доби повеќе место во кабината и багажникот. Како и надворешниот дизајн и внатрешноста на новиот Qashqai е целосно изменета.

Пред возачот сега се дигитални инструменти кои може да се прилагодуваат, според карактеристиките меѓу најнапредните а според димензиите меѓу најголемите во класата.

Материјалите се поквалитетни, а опременоста многу побогата.

Qashqai ќе биде достапен со 12-волтен хибриден мотор од 1,3 литри со 138 и 156 KS, првиот само со шестстепен мануелен менувач и погон на предните тркала, а вториот опционално и со нова Xtronic трансмисија и погон на сите тркала. Дизел мотори не се најавени.

Посебно интересна е e-Power погонската група кај која 1,5 литарскиот мотор од 154 KS произведува струја за електромоторот од 188 KS, кој пак ги задвижува тркалата.

Бидејќи бензинецот секогаш работи во оптимален распон на вртежи, неговата ефикасност е зголемена.

Новиот Qashqai може да се пофали и со нови системи за ослонување и управување, подобрен ProPilot систем за помош во возењето, интелигентни предни матрикс LED светла и други нови технологии.

Продажбата ќе му започне налето, а цените не се познати.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV