СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Nikola Badger: На повидок жестока електрична пикап битка (ВИДЕО)

 

Nikola е американски производител на товарни возила кои се движат со помош на електрична енергија. Пикапот Badger е најмал модел во гамата кој се подготвува за амбициозен настап во хипер популарната Track класа.

Многу добро знаеме кој бил Никола Тесла. Што во моментот претставува Tesla во светот на автомобилите, исто така. Но што правиме со Nikola?

Тоа е бренд кој во најава има неколку возила од товарниот програм кои исто така ќе бидат придвижувани од електромотори.

Точката во која се спојуваат Nikola и Tesla, се хипер популарните пикап модели. Додека Tesla на големо се фали со својот Cybertuck, Nikola се подготвува да одговори со моделот Badger.

Се до службеното претставување кое треба да се случи на крајот од месец јуни, за Badger се знае дека ќе биде понуден со електрични батерии но и со систем на горивни ќелии (Fuel Cell).

Интересно е што на купувачите им се остава можноста да се одлучат за варијанта само со електрични батерии со можност во било кое време од експлоатацијата додатно да го вградат системот кој работи на водород.

Всушност во секое време додатно може да се вгради системот за сопственото производство на електрична енергија преку горивни ќелии.

Од лиферуваните технички податоци можеме да заклучиме дека континиураната силина би изнесувала 455 КС со кракотраен пик од цели 906 КС. Секако кај електричните возила најбитен податок е автономијата.

Во тој поглед Badger поставува нови лимити –  батериите овозможуваат 300 милји (cca 480 km) a горивните ќелии (со резервоар од 8 kg водород), уште толку. Кога батериите се празни, а електричната енергија ја обезбедуваат горивните ќелии, моторите можат да испорачуваат максимални 163 КС.

Сеуште не е познато колку погонски електромотори 1, 2, 3 или 4 ќе бидат вградени, но со сигурност се знае дека во Badger ќе биде вграден напреден погон кој ќе ги придвижува сите тркала.

За цените и условите сеуште нема информации, но секако дека ќе бидат на ниво на конкурентите од калибарот на GMC Hammer Electric, Ford F-150 Electric или гореспоменатиот Tesla Cybertuck.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот