СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mini John Cooper Works Countryman ALL4: Go-kart мод со 4×4

 

Најпотентниот „Кантримен“ ослободува 312 спортски коњи, распоредувајќи ги на сите тркала.

Дотерана естетика и нова механичка постава ја красат топ-перформантната верзија на Mini Countryman.

Под хаубата чука набилдан турбо четирицилиндраш од две литри кој ослободува ветувачки 312 КС.

А ветувањето е максимум на брзината од 250 км/ч и забрзување до првата стотка од 5,4 секунди.

Намалениот отпор на воздухот (0,26) го дава својот придонес кон оптимистичките бројки на потрошувачката, а 19 и 20 цолните тркала обуени во спортски пневматици, ја гарантираат стабилноста при високи брзини.

Докажаниот ALL4 систем, како што традиционално се нарекува интегралниот погон на Mini, е преработен во смисла на максимален контакт со подлогата. Попрецизно кажано, од погонот профитираат стабилноста и проодноста.

Додека вака брзо се движиме, да го истакнеме и фактот што карактерот на најспортскиот Countryman може да се менува со едноставно бирање на начинот на возење.

Гаранција за адреналински доживувања е модот, Go-kart при што притискањето на папучата за гас реагира промптно, амортизацијата станува покрута, управувањето подиректно,… а од мерак, возачот посакува да стави тркачка кацига.

Од непосакувани ситуации штитат безбедносните системи, кои потпомогнати од 12 ултра звучни сензори и 4 камери, бележат сé што се случува околу возилото. Тие системи дозоволуваат и управување (до 50 км/ч) без помош на возачот.

Визуелно, впечаток е непогрешиво Mini-овски. Иако предниот дел се истакнува со нова маска, светлата се наново дизајнирани,… сепак потеклото е јасно изразено. Внатрешноста е наново скроена, и повторно, новитетите се во препознатливиот мини-стил.

Разликата ја право централниот екран со округла форма. На неа се сместени функциите кои реагираат на гласовни команди.

John Cooper Works (JCW) и кај суб-комапктниот кросовер го потврдува својот карактер. Спортскиот дух на Mini Countryman JCV ALL4 дискретно се најавува со децентните визуелни додатоци, но спортската душа би требало да се покаже уште при првиот звук од моќниот мотор.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот