СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

MG Motor: Нов бренд на нашиот пазар

 

Благодарејќи на Ми-Да Гранд Моторс домашниот пазар ќе биде збогатен со палетата на модели на MG Motor која припаѓа на најголемата кинеска групација SAIC.

Во услови на општа конфузија на светскиот пазар на автомобили, единствено кинеските производители продолжуваат со планираниот раст.

Функционирајќи во вонредни услови и соочувајќи се општ недостаток на електронски компоненти, останатиот дел од индустријата се бори за задржување на каков-таков континуитет.

Групацијата SAIC (Shanghai Automotive Industry Corporation) под чија капа освен MG функционираат уште и брендовите Roewe и Baojun, и што е уште  позначајно, која партнерски соработува со GM и Volkswagen, на европскиот пазар ќе биде присутна со култниот британски бренд, MG Motor.

Токму MG (Morris Garages), прославениот британски бренд е одбран за брз раст на најпробилрливиот и најкомплексниот светски пазар. Походот на Европа (во Британија се присутни веќе цела декада) е започнат во период на општ локадаун предизвикан од пандемијата.

Во 2020 година вкупно се продадени 7.200 единици, минатата година таа бројка се искачува на 22.000 илјади за да во првиот квартал од годинава бидат пласирани 22.135 возила.

Импресивниот раст сега добива нов импулс. На прикладно организираното претставување на хрватското приморје (во прекрасниот Ровињ) Grand Automotive Adriatic го означи почетокот на застапништвото за земјите произлезени од бившата Југословенска федерација и Албанија.

 

MG Motor покрај Ford и Hyundai

Компанија која кај нас преку Ми-Да Гранд Моторс ги застапува брендовите Ford и Hyundai започнувајќи од септември ќе ги увезува и моделите на MG Motor.

Всушност за Хрватскиот и Србскиот пазар продажбата започнува веќе од први јули, додека на пазарите на Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија и продажбата ќе започне истовремено како и на Македонскиот пазар.

За годинава Grand Automotive Adriatic планира отварање на вкупно 20 продажни места, а тој број се очекува да биде удвоен во 2023 година.

Во моментов на пазарите на Adriatic-просторот ќе се нудат моделите MG ZS (SUV од градската класа) во бензиска и целосно електрична варијанта, потоа MG 5 (караван на електричен погон), MG EHS (C-SUV) во plug-in изведба како и луксузниот електричен SUV, MG Marvel R.

Со силен акцент врз електрификација на гамата, не е тешко да се забележи дека моделскиот состав е грижливо одбран да одговара на потребите и очекувањата на европската клиентела.

Во настапот потполно се вклопува и општата гаранција од 7 години (или 150.000 km) со која производителот ги покажува своите чесни (и долгорочни) намери во однос на своите клиенти.

 

Впечатлива средба

Судејќи според првичните импресии стекнати од промотивните возења доминира впечатокот за современиот изглед и солидната изработка. Сите модели се нудат во по два пакети на опрема, од кои веќе со првиот се добива комплетен сет од безбедносни уреди.

Посебно импресионира MG 5 кој е прв целосно електричен караван на европскиот пазар. Секако тука е и електричниот SUV MG Marvel R кој поставен како технолошки предводник на целата гама, претејќи сериозно на етаблираните европски играчи од премиум сегментот.

Практичноста на MG ZS (кросовер со должина од 433 cm) ќе има се допадне на младите семејства, а за лубителите на електричните погони е наменета верзијата MG ZS EV која има автономија од солидни 320 km која во случај на вградување на покапацитетната батерија од 70 kWh се искачува на големите 440 km.

Бензиската изведба доаѓа со два мотори – поголемиот атмосферец (1,6 литри) ослободува 106 КС додека 1,о литарскиот турбо е за нијанса посилен (111 КС) но и значително поекономичен,

Преносот на предните тркала се одвива преку мануелна или автоматска трансмисија, а заедничко за сите изведби е богатата опрема и големата практичност.

Од друга страна plug-in варијантата на MG EHS (должина 475 cm) со својата економичност и универзалност со силни атрибути ќе атакува на најпопуларната SUV/кросовер класа.

Нашето склучително позитивното искуство потпора наоѓа во комбинацијата на бензиски турбо мотор од 1,5 литри и електромотор кои на предната оска испорачуваат системска силина од 258 КС. Со забрзување од 6.9 секунди и Vmax од 190 км/ч притоа испуштајќи само 43 gr/km претставува врвен дострел во хибридната технологија.

Кај сите модели константа се врвната изработката и квалиетот на материјалите кои ќе успеат да ги задоволат и најпробирливите купувачи, а судејќи според првичните впечатоци, воопшто нема да изостанат и префинетите возни својства.

Во салонот на Ми-Да Гранд Моторс честа први да го претстават новиот бренд ќе ја имаат токму последно опишаните две SUV возила. Од домашниот увозник добивме информации дека се обезбедени доволни количини возила, а на официјалниот почеток ќе мора да се стрпиме до септември.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг