СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes S-Class: Познати моторите за Американскиот пазар

 

Службеното претставување на најголемиот Mercedes е закажано за втори септември – засега се лиферуваат само селектирани информации.

Најпрвин беа објавени фотографии од целосно новата дигитална внатрешност, а сега неполни 10 дена пред службената светска промоција, американските колеги од Motor Trend ги обајвија и деталите со кои ќе биде моторизиран новиот знаменосец на Mercedes, 2021 S-Class.

Стартната позиција му припаѓа на моделот со ознака S500 под чија хауба е сместен линиски шестцилиндраш со 429 КС и 520 Nm. Mild hybrid системот помага со додатни 21 КС кој енергијата ја добива од сетот батерии со капацитет од 28 kWh, сместени под задните седишта.

Скалило погоре е поставен S580 кој со 4.0 литарски twin turbo, V8 кој со 496 КС веќе претендира на сериозност својствена на Mercedes S-Class. Идентично како и поскромната S500, mild-hybrid системот додава уште 20 коњи.

Убаво е да се знае дека без разлика на моторната верзија силината се пренесува на сите тркала и тоа преку автоматска трансмисија со 9 преносни односи.

Се додека не пристигне S-Class со ознаките на AMG (патем S63 и S73 се очекува да испорачуваат по 800 КС) врвот на понудата е резервиран за S580e plug-in hybrid кој ги комбинира помалиот шестцилинерски мотор од три литри со 362 КС и електромотор со 140 КС.

Во превод, возачот ќе има на располагање вкупно 502 КС, а батериите со капацитет од 28 kWh ќе му овозможуваат електричен досег од безмалку 100 километри.

Разбирливо, во Американста понуда ги нема дизелите кои, пак, на Европскиот пазар секогаш се дочекувани со аплаузи.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот