СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mercedes S-класата некогаш требаше да има и W18 мотор…

Како полека се доближува датумот кога новата S-класа ќе се појави, така Mercedes објавува по некој податок за неа.

Најновите информации велат дека S-класата од седмата генерација можеби нема повеќе да се нуди со големиот V12 агрегат, но дали знаете дека оваа лимузина на Mercedes некогаш требаше да има и W18 мотор?

Имено, германските инженери на почетокот на деведесеттите години под кодната ознака М216 за S-класата од третата генерација (W140) развиле осумлитарски агрегат добиен со спојување на три шестцилиндрични мотори под агли од 75,5 степени.

Од нив требало да се преземат многу заеднички елементи, со што овој агрегат во споредба со тогашниот V12 би бил помодерен.

Требало да биде понуден во две верзии, со 490 (со два вентила) и 680 коњски сили (со по пет вентили на цилиндар), а за послабиот кој би се појавил прв веќе била смислена и ознаката на моделот во кој ќе се вградува – 800 SEL.

Сепак, менаџмент на компанијата проценил дека шестлитарскиот V12 мотор е повеќе од доволен за задоволување на барања и на најпрефинетите купувачи и така остана сé досега кога ќе го продолжи својот животен век само во Maybach изведбата на овој модел.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV