Новиот Mercedes CLA на тестот на избегнување на „северен елен“ воопшто не задоволи. Дали конструкторите повторно ќе повикуваат на корекции.
При безбедносните тестови на првата А-класа (1997) шведските новинари едвај спасија глава – тестниот примерок заврши на кров.
Така, премиерниот настап на Mercedes-Benz со преден погон неславно започна; фабриката мораше да интервенира со 300 милиони долари за да ја поправи грешката.
По многу произведени возила, повторно предно погонуваната А-класа создава главоболки. Додуша станува збор за лимузинскиот претставник, CLA но сеедно, таа е само варијација на тема, А-класа.
Проблемот го открија шпанските колеги од KM77 на чии тестови Mercedes CLA се покажа во издание со кое не може воопшто да се пофали. Со брзина од 76 км/ч, при тестот избегнување „северен елен“ тој се разлета на сите страни.
Да потсетиме, тестот избегнување „северен елен“ се изведува како симулирање за избегнување пречка при праволиниско движење каде е потребно остро менување на правецот, и потоа повторно враќање на истата линија.
Авторите на тестот вината ја побараа во недоволно доброто „лежење“ предизвикано од неповолниот тежински распоред по оски, како и во неефикасниот ESP систем. На крајот тестот успешно беше совладан но при брзина од прескромни 66 км/ч. Како за утеха, на тестот „слалом“, CLA се покажа во многу подобро светло.
Ќе биде интересно да се споредат вредностите кои ќе ги постигне панданот од BMW со моделот 2 Gran Coupe поради премирно вградениот преден погон.