СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes-AMG C43 4Matic: Чист спорт, со или без кров!

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: MercedesAMGC43 not found

 

Покрај обновување на седанската и караванската верзија на C-Class, Mercedes ги апдејтираше и Coupe/Cabriolet изведбите кои ги носат ознаките на AMG.

C43 4Matic e влез во седанскиот AMG-свет на перформансните автомобили. Сега тој влез има нов облик; големиот број на промени го носи преку границата на обично освежување на постоечки модел.

Започнувајќи од моторот, преку другите механички склопови па се до функционалните делови и естетиката, се е подложено на ревизија. Типичен пример како и перфектното може додатно да се подобри.

Битурбо V6 моторот од 3.0 литри сега располага со 390 КС и вртежен момент од 520 Nm кои ги испорачува во широк работен опсег. Силината кон сите четири тркала се пренесува преку Speedshift tct 9G менувач.

Интегралниот, 4Matic погон, рапсределбата ја врши во однос 31:69 во корист на задниот пар тркала со што е овозможена спортска дистрибуција и постигнување врвни перформанси.

Максималната брзина, кај двете каросериски верзии, електронски е ограничена на 250 км/ч, а забрзувањето до првата стотка кај купето изнесува 4.7 додека кај кабрио-изведбата 4.8 секунди.

Во остварување на овие AMG перформанси свој придонес дава и волшебното копче, Dynamic Select кој со своите 5 различни модови овозможува прилагодување кон конкретните услови и спортските желби на возачот.

 

Велиме пет затоа што кон досегашните Comfort, Sport, Sport+ и Individual додаден е и модот Slippery. Тој служи за возење при екстремно лизгави коловози како и при возење на снег.

Со избраниот мод, автоматски се подесуваат и одзивот на папучата за гас, цвсртината на амортизерите, работата на менувачот и управувачот.

Штом менувачот се префрли на мануелен начин на промена на степените веднаш останатите склопови се прилагодуваат кон режимот на возење диктиран од возачот.

Сите параметри на возилото можат да се следат на новата дигитална инструмент табла, која се рабира нели, може да се постави и да прикажува само основни тркачки параметри – колку да се знае кој е актуелен светски шамион во Форимула 1.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот