СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

McLaren Speedtail: Наследникот е роден

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: McLarenSpeedtail not found

 

Новиот хипер спортист на Mclaren има хирбиден погон од 1.050 КС, вози максимлано до 403 км/ч, и чини нешто над 2 милиони евра.

McLaren конечно го претстави наследникот на долго ненадминливиот, F1. Отсега најбрзото патничко возило од Вокинг ќе се вика, Speedtail.

Пред да ги соопштиме фасцинантните бројки само да напоменеме дека хипер спортистот ќе биде изработен во ограничена серија од само 106 примероци.

Тоа и не претставува некоја екстремно мала бројка, но ако се земе предвид дека голем процент од нив ќе завршат кај колекционерите, станува јасно дека се збори за вистинска автомобилска егзотика.

Само треба да се сетиме на славниот претходник, кој асоциативно беше наречен,F1 за да ни станат јасни критериумите кои морало да бидат испочитувани, … и суштински надминати!

На промотивните материјали. McLaren дава до знаење дека монококот на Speedtail е изработен  од композитни материјали, суспензијата е алуминиумска а сопирачките керамички, има досега невидена аеродинамика, хибриден погон, постигнува брзина над 400 км/ч, и се разбира, место за три патници во кабината.

Централно поставеното седиште исто така е дел од решенијата наследени од славниот претходник.

За адекватно одбележеживање на датумот на раѓање, експертите на McLaren вградуваат хибриден погон кој со својата вкупна силина од 1.050 КС гарантира сериозни перформанси.

Тоа значи дека првата (не стотка, не двестотка) тристотка (!) се фаќа за неверојатни 12.8 секунди, забрзувајќи така до максимумот од 403 км/ч.

Во овие постигнивања свој придонес даваат и активната суспензија и активната аеродинамика, како и физичките особини на овој, во суштина, патен болид.

При високи брзини максималната височина на Speedtail изнесува 1.120 mm, а вкупната должина на оваа аеродинамична „капка“ од 5.137 mm не тежи повеќе од 1.430 kg.

Помеѓу овие бројки, но и во употребата на врвната тркачка технологија, се крие и тајната за извонредната динамика на Speedtail. Описот на останатите компоненти кои се многу блиски до актуелниот F1 болид на McLaren, би ни одземало и превише простор, па затоа до испорака на првите примероци кои се планирани за 2020 година, ќе ве оставиме да уживате во приложената фото галерија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот