СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

McLaren Elva: Што се случуваше во 1960 година

Легендарниот Брус Мекларен (Bruce McLaren) во 1960 година ja дизаjнираше Elva, имресивен спортски двосед без кров. По 59 години под истите ознаки доаѓа новата Elva.

Брус живеел пред своето време. Доказ: McLaren Elva е модел претставен кога сум и јас роден, во 1960 год.

А јас сега сум во доба на “длабока младост“. Ете толку далеку дофрлал г-дин McLaren со својата визија.

Реинкарнацијата на McLaren Elva е веќе претставена. Изградена врз истите принципи, Elva претставува неверојатен микс од дизајнерско наследство и најсовремена технологија.

Сето тоа со потпис на McLaren. Од овој момент па натаму можеме да говориме за егзотични материјали и перформанси.

Пред тоа, цената: од 1.425.000 Британски фунти. Со платен данок. Да нема забуни, цената започнува од таа сума, а конечната ф-ра е повисока за износ на покажаниот интерес кон додатна персонализација.

Сега околу бројките, вкупната силина што ја испорачува четири-литарскиот турбо V8, сместен централно зад возачот, изнесува 815 КС.

Екстремно лесната каросерија првата стотка ја фаќа за помалку од три секунди, а втората за само 6.7 сек. Почекајте, па тоа е подобро и од постигнувањата на McLaren Senna.

Сега станува и повеќе од јасно дека имаме работа со супер-спортист кој има амбиции да се замеша и во игра со класата на хипер-спортисти.

За извонредните перформанси аплаузите одат за заслугите на каросеријата која се изработува во едно парче и тоа од цврстите и лесни јаглеродни влакна.

Од слична легура се изработени и специјаните седишта, за сопирачките е употребена јаглерод-керамички микс, а перфекцијата е забележлива по употребата на титаниум за четирите издувни гранки.

Среќникот зад управувачот за да остане со „ладна глава“ осмислен е системот McLaren Active Air Management System кој со помош на активната аеродинамика го преусмерува струењето на воздухот.

Со така преусмерен воздух над главата ќе може да уживаат вкупно 399 возачи. Толку примероци од Elva се планирани, а ако ви фаќа око, побрзајте со порачката.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот