СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Mazda2 Hybrid – Нова, но добро позната

 

Mazda ја претстави новата хибридна варијанта на својот хечбек од Б-сегментот, која ни е добро позната.

Како што беше најавено, Mazda2 доби нова хибридна варијанта која ние ја познаваме како Toyota Yaris.

Јапонците воопшто не се ни потрудија да сменат нешто во дизајнот, така што двете возила се сосема идентични.

Идентична е и механиката – трицилиндричен бензински агрегат со работна зафатнина од 1,5 литри, потпомогнат со електромотор.

Вкупно возачот на располагање има 116 коњски сили, кои ќе ја забрзаат хибридната Mazda2 до 100 километри на час за 9,7 секунди.

Ако се вози поумно, според WLTP протоколот во комбинираниот циклус ќе потроши само 3,8 литри гориво на 100 километри.

Опременоста ќе биде разделена во три нивоа, а цените ќе ги дознаеме кога ќе доближи пролетта кога е планиран почетокот на продажбата.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот