СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mazda најави шестцилиндричен мотор

Во својот финансиски извештај за третиот квартал, нималку случајно, Mazda објави фотографија која на почеток ги збуни сите.

На неа се прикажани три мотора – лево и десно со шест цилиндри во линија, а на средина четирицилиндричен хибриден.

За да нема забуна дека се работи за шестцилиндричен мотор од едната страна е поставена главата, а од другата блокот на новиот мотор на кои се гледа дека е со четири вентили на цилиндар.

Индустриските информации велат дека најмалку од мај 2019 година Mazda работи на овој мотор кој се очекува да биде понуден во бензинска, дизел и Skyactiv-X изведба.

Подобро упатените ќе се сетат и дека во февруари годинава се појавија патентни слики на овој мотор, а сега се дозна и дека ќе биде поврзан со погонски систем на сите тркала.

Со оглед на иднината кон која чекорат сите, повеќе од извесно е дека ќе има и свои хибридни варијанти, најверојатно и плаг-ин хибридна и 48-волтна блага хибридна.

За кои модели е наменет, не е познато.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV