СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Maserati Ghibli Hybrid: Прв чекор кон електрификацијата (ВИДЕО)

 

Историски момент за Maserati – претставен е првиот хибриден модел на марката.

Популарната лимузина со трозабецот на Нептун во амблемот, го проби мразот и ја поведе 106-годишната италијанска марка на патот кон иднината.

Срамежливо, мора да кажеме, бидејќи се работи само за блага 48-волтна хибридна технологија која ја најавува претстојната електрификација.

Новиот погонски склоп на Ghibli е дволитарски турбо четирицилиндричен со 330 KS и 450 Nm, што е скоро идентично како и основната GranLusso бензинска изведба на моделот.

Забрзува до 100 km/h за 5,7 секунди и постигнува максимални 255 km/h.

Батеријата која го напојува електромотор е сместена назад, заради задржување на оптималниот распоред на тежината.

За задоволство во возењето, пак, издувниот систем е опремен со таканаречени резонатори.

Во поглед на еколошките перформанси, од Maserati излегоа со бројки во кои е тешко да се поверува – Ghibli Hybrid според WLTP стандардите има декларирана потрошувачка од 8,5 l/100 km.

Токму таа бројка го оправдува поставувањето на сини детали на каросеријата и во кабината, кои треба на оној што го гледа да му сигнализираат дека има хибридна технологија.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот