СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Uncategorized

M.A.T. Asparko SP600 постигна Vmax од 438,7 km/h [видео]

 

Јапонскиот Aspark, со прототипот SP600, постигна нов светски рекорд за EV со што го симна од тронот хрватскиот хиперавтомобил Rimac Nevera.

Беше само прашање на време кога друг електричен хиперавтомобил ќе го предизвика Rimac Nevera.

На 8 јуни, тоа му успеа на јапонскиот Aspark со новиот SP600 кој успеа да постигне брзина од 438,7 km/h.

Со тоа е надминат досегашниот брзински рекорд на Nevera за цели 26,7 km/h.

Произведен во Италија од Manifattura Automobili Torino, Aspark SP600 беше доведен до своите крајни граници на полигонот АТП во Папенбург.

Тоа е истата германска тест патека каде што Nevera го постави претходниот рекорд за максимална брзина во 2022 година и уште 23 дополнителни рекорди следната година.

Тестната овална патека овозможува постигнување максимални брзини благодарејќи на двата правци со должина од по 3,9 килмоетри.

Зад воланот на новиот крал на брзината за електрични возила беше Марк Басенг, 45 годишен германски тркач кој во 2010 год. постави рекорд на Нирбургринг со Pagani Zonda R минувајќи ја патеката за 6:35 минути.

Техничките детали за автомобилот не се откриени, но тој се смета за ново развиено возило, а не како варијација на претходниот Owl. Но отсуството на странични ретровизори поради намалување на аеродиначните отпорти јасно укажува дека тоа не е возило за јавни патишта.

Прототипот е конструиран и го изграден во Торино, Италија, каде што бил подложен на виртуелни и физички тестови, како и аеро-оптимизации во аероднимачен тунел.

Иако SP600 е побрз од Bugatti Veyron Super Sport (431,2 km/h), сепак заостанува зад Chiron Super Sport (490,5 km/h).

При крајот на годината, Koenigsegg планира да го тестира Jesko Absolut и да види дали навистина може да ја надмине границата од 500 km/h. Hennessey, исто така верува дека неговиот Venom F5 може да ја надмине бариерата од 300 mph (485 km/h).

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Uncategorized