Lucid Motors оваа есен ќе го промовира моделот Air кој со коефициент од 0.21 официјално е автомобил со најдобра аеродинамика во светот.
Американците дефинтивно се посветени на производството на електрични возила. Доволно е да се спомене Tesla па да биде јасно за што говориме.
Една од перспективните нови компании е секако Lucid Motors со седиште во Калифорнија, кој по неколкугодишен ангажман има подготовен модел за сериски настап.
Адутите со кои ќе истрча Air, првиот сериски модел на компанијата, се директно усмерени кон етаблираниот Tesla Model S.
Накратко, Lucid Air ќе има електричен погон од огромни 1.800 КС, а сетот од литум јонски батерии гарантира автономија до 645 километри. Самата помисла на огромната силина го поставува прашањето на вонсериските перформанси.
Проблемот со големите брзини е што отпорот на воздухот расте со квадратот на брзината, па јасно, аероднимачниот отпор тука избива во прв план. Токму оваа позиција е омилена тема на конструкторите на Lucid Air.
Времето проведено во воздушниот тунел Concord, во Северна Каролина, очигледно не е залудно потрошено.
Коефициент на отпор на воздухот од 0.21 нема ниту едно друго сериско возило во светот. Најблизу до овој рекорд се Tesla Model S со послаб резултат од 0.03 и Porsche Taycan со 0.04!
При испитување на аеродинамичните својства во воздушниот тунел е создадено струење на ветрот со брзина од 290 км/ч. Убава е тоа цифра, но измерената брзина на Lucid Air при тестирањата изнесува полни 380 км/ч.
Во постигнувањето на овие рекордни брзини секако огромен придонес има аеродинамичниот облик кој го сече воздухот на начин што создава најмал отпор; за сега најдобар во светот на сериските возила.