СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Lotus најави четири електрични модели

 

Она што се зборуваше минативе неколку месеци стана официјално – Lotus потврди дека покрај Evija подготвува уште четири нови електрични модели.

Планирани за периодот меѓу 2022 и 2026 година, три од нив, што е неизбежно, ќе бидат SUV модели а еден спортски автомобил.

Прв на списокот за претставување, кое ќе биде догодина, е големиот SUV од Е-сегментот со интерна ознака Type 132, додека неговата купе верзија Type 133 ќе пристигне во 2023-тата.

Две години по него се очекува нешто помалиот Type 134 кој ќе биде SUV од Д-сегментот, а во 2026-тата и спортскиот Type 135 кој ќе биде развиен во соработка со француската Alpine.

Сите идни електрични модели на Lotus ќе се базираат на нова платформа, конструирана да може да биде основа за возила од Ц до Е сегментот и ќе имаат батерии од 92 до 120 kWh, со 800-волтна технологија.

Lotus кој е во сопственост на Geely гради фабрика во кинескиот Вухан, каде ќе ги произведува најавените нови електрични возила за глобалниот пазар.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV