СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Интересно

Lanying R6000: помеѓу хеликоптер и авион

 

Lanying R6000 излезе од монтажната линија на United Aircraft на 11 октомври и ќе дебитира на Zhuhai Airshow во ноември.

Кинеската United Aircraft Corporation корпорација за авиони го претстави првото 6-тонско беспилотно летало со нагибен ротор (UAV), Lanying R6000, во авијацискиот индустриски парк, Вуху.

Овој најсовремен авион поддржува и беспилотни но и операции со човечки екипаж.

Може да се пофали со досег од 4.000 километри, максимална брзина од 550 km/h на надморска височина од 7.620 метри, носивост од 2 тони, како и со капацитет за превоз до 10 патници.

Со можности за вертикално полетување, слетување и лебдење, Lanying R6000 ја комбинира сестраноста на хеликоптерите и со брзината на авионите со фиксни крила.

Овој пробив ветува дека ќе ги трансформира секторите за логистика, транспорт и брза реакција при итни случаи.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно