СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Lamborghini Sián Roadster: 819 хибридни коњи под отворено небо

 

Lamborghini Sián веќе година дена е во сопственост на пасионираните техномани. Сега супер спортистот со V12 мотор и хибридна техника е понуден во варијанта со отворен кров.

Производството на автомобили памети и подобри времиња од коронавирусниов период. Тој факт воопшто не влијае на пуштањето во промет на ограничени серии од егзотични екземплари.

Потврда наоѓаме во 19-те примероци кои ги понуди Lamborghini за Roadster верзијата на Sián.

Технологија од F1

Воопшто не е лесно да се спојат врвните перформанси на V12 мотор од 6.5 литри со еколошката пристојност.

Поточно, за потрошувачката на гориво со кое треба да се напојуваат механичките 785 КС. Решението се бара во електриката која несебично помага во исполнување на еколошките норми.

Понудениот хибриден систем во Sián Roadster функционира на напон од 48 волти и користи електромотор со релативно скромна силина од 34 КС. Спецификата лежи во акумулирањето на електричната енергија која се врши во супер кондензатори.

Решението е познато од болидите на F1 а се користи поради три пати помалата тежина и три пати поголемиот капацитет отколку кај класичните литиум јонски батерии. Конкретно, системот кој во формула го знаеме како KERS овде тежи само 34 килограми.

Убав предуслов за постигнување на идентични перформанси како и купе-близнакот: маскимум од преку 350 км/ч и 2.8 секунди до првата стотка.

Ете ја убавината на технолошкиот спој кој од Sián Roadster прави егзотичен примерок за кој вреди да се избројат најмалку 2.3 милиони евра.

Основа од Aventador

Обликот на Sián Roadster може едноставно да се опише како – спектакуларен.

Тука се говори за стил, традиција (елементи од легендарниот Countach), грижливо одбрани материјали (јаглеродни влакна, кевлар, кожа, …) и единствена комбинација од хексагонални облици.

Sián како и неговата Roadster изведба се изградени на платформа која ја познаваме од Aventador. Притоа Sián Roadster не е последниот модел кој се гради врз таа платформа.

Tаа чест, а пред претставување на наследникот на Aventador во 2022 или 2023 година, ќе ја добие натпреварувачкиот Lamborghini Squadra Corse V12 со мотор од 830 механички коњи.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот