СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Tesla највредна автомобилска компанија

 

Се случи и тоа – Tesla ја надмина Toyota и стана највредна автомобилска компанија.

Откако акциите годинава ѝ пораснаа за 230 отсто, Tesla ги надмина сите и со пазарната капитализација од скоро 260 милијарди долари стана највредната автомобилска компанија.

Сето ова се случува толку бргу што изгледа дека дури ни самиот Илон Маск не може во тоа да поверува – Tesla во јануари кога стана највредна американска автомобилска компанија тежеше „само” 80 милијарди долари.

А што оттогаш се случи со автомобилскиот сектор во светот, сите добро знаеме.

Но, тоа како да не важи за Tesla – иако лани продаде триесет (со бројки: 30) пати помалку возила од Toyota или Volkswagen, таа без проблем ги надмина според својата пазарна вредност.

И тоа за само неколку месеци – колку време на Toyota и на Volkswagen им требаше да станат Toyota и Volkswagen, не треба да споменуваме.

Берзанскиот поход на акциите на Tesla не го сопреа ниту советите на стручњаците кои цело време повторуваат дека порастот на цената на акциите не претвара ниту една компанија, па ни Tesla, во профитабилна.

За тоа сведочат и сите досегашни извештаи за акционерите од 2003-тата кога Илон Маск ја основа компанијата, во кои во графата за финалното салдо се наоѓаат црвени бројки – со вкупни приходи од 24,6 милијарди долари, загубата за ланската година изнесуваше 862 милиони долари.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот