На средина од животниот век, Kia го апдејтира спортскиот седан со нови дизајнерски елементи, нови пакети на опрема и веројатно, нова моторна палета.
Со Stinger, Kia направи сериозен исчекор во класата на спортски седани. Таргетирани беа BMW Serie 4 Gran Coupe, Audi A5 како и Јапонските премиум претставници.
Иницијален погон на задната оска, осум-степенска трансмисија, турбо бензинец од 370 КС, … беше стандардната поставка која требаше да ги разбие табуата и да ја отвори портата на големи седани направени со спортски шмек.
Као бонус, Stinger нудеше гомила корисна опрема, 7-годишна гаранција, и сето тоа по цени кои беа и до 20% пониски од конкурентите.
За задоволување на вкусовите на размазената европска клиентела беше подготвен и дизел со 200 коњи.
Понатамошната надградба одеше во правец на понуда на интегрален погон, и што е многу важно во оваа класа, можност за персонализирање на пакетите на опрема.
Сериозноста на механичката основа врз која е поставен Stinger се должи на роднинските врски со Genesis, а посебно со моделот G70.
Сега кога Stinger е на половина од својот животен век, а како што и налага редот наметнат од постојаните промени, од Kia најавија освежување, или по ново, апдејтирање на спортската лимузина.
Најпрвин на домашниот корејски, а веднаш и потоа на американските клиенти, а тоа би требало да се селучи во период помеѓу есенва и крајот на годината, ќе им бидат понудени нови пакети на опрема.
Но пред тоа ќе треба да се потенцира дека Stinger ќе претрпи низа децентни промени, како надворешни така и внатрешни.
Тие детали подобро можат да се забележат од приложеното видео, но на купувачите поважни ќе им бидат специјалните пакети Dark Package и Black Package со кои уште посилно ќе се потенцира карактерот на возилото.
Околу збогатување на моторната понуда сеуште нема службена потврда но се шпекулира со 2.0 турбо од 255 КС, позајмување од Genesis G80 на 2.5 литарскиот турбо (300 КС) и евентуално нов 3.5 V6 од 380 КС. Земајќи ги предвид личните искуства, на мислење сум дека за кои мотори и да се одлучи производителот, возбудатата ќе биде загарантирана.