СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Kia EV6 е избран за 2024 Автомобил на годината во Македонија

Националното стручно жири одлучи престижната награда за 2024 година да ја додели на Kia EV6.

Годинава по 29-ти пат Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ го организира Изборот кој е најстарата манифестација од ваков тип не само во Македонија туку и на целиот Балкански регион.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар заклучно со 31.12. Националното жири, согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди пет финалисти.

Без разлика на класата и типот на погон тие рамноправно конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2024“.

Листата на финалисти ја сочинуваа (наведени по азбучен ред):

Jeep Avenger

Kia EV6

MG4

Renault Austral

Škoda Enyaq

Националното стручно жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ составено од 4 новинари од различни редакции, со поединечно гласање реши титулата за 2024 година да му ја додели на: Kia EV6

Ова возило доби 3 гласови од жирито, кои поединечно ги дадоа гласовите за следните модели.

>> Горан Антевски – Kia EV6

>> Владимир Ристовиќ – Kia EV6

>> Агрон Сулејман – MG4

>> Зоран Коцев – Kia EV6

EV6 не само што е првиот модел на Kia направен на новата електрична глобална модуларна платформа, туку и првиот автомобил што ја има имплементирано смелата нова дизајнерска филозофија на компанијата.

Тоа заедно со динамичните перформанси, импресивната автономија и брзото полнење на батериите навистина го претставуваат EV6 како нешто посебно.

Во внатрешноста обезбедува комфор и пространост на лимузини од висока класа, а поставува и нови стандарди во однос на технологиите за помош на возачот и инфозабава.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг