СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Kia го најави новиот Niro [видео]

 

Во пресрет на закажаната премиера на новиот Niro која ќе се одржи неделава, од Kia пристигнаа неколку фотографии и едно видео за него.

Иако затемнети на нив сепак можат да се видат линиите на новитетот, како однадвор, така и одвнатре.

Деталите сé уште не се објавени, но се знае дека неговиот изглед ќе биде инспириран од дизајнот на HabaNiro концептот из 2019 година.

Внатрешноста, пак, на новиот Niro ќе биде уредена по углед на електричниот ЕV6, иако со него нема ништо заедничко.

Имено, за разлика од него кој е базиран на E-GMP платформата, Niro уште ќе ја има платформата оригинално развиена за возила со класични мотори.

Тоа значи дека и понатаму на купувачите ќе им се нуди во хибрид, плаг-ин хибрид и целосно електрична изведба.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV