СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

KGMobility (SsangYong) Torres EVX: На струја преку Босфорот [видео]

 

Во Истанбул присуствуваме на светската премиера на KGM (SsangYong) Torres EVX, првиот електричен модел по минатогодишното ребрендирање на корејскиот SUV-специјалист.

Од 1954 година SsangYong постои на светската мапа на автомобилски производители.

Богата е тоа историја проткаена со многу успеси но и сопственички превирања.

Од минатата година корејскиот производител се ребрендира: името SsangYong е заменето со KGM (KGMobility). Новиот мнозински акционер доаѓа со јасна визија: проширување на производната гама и зголемено присуство на глобалниот пазар.

Веднаш по ланското ребрендирање беше претставен целосно новиот Torres (го има во понудатата на домашниот дистрибутер), за да сега присуствуваме на електричната верзија на истиот модел која се препознава по ознаката EVX.

X-от во називот асоцира на eXtreme, јасно укажувајќи на карактерот на SUV претставникот со средна големина (4.715 mm).

Знаејќи дека половина од производството завршува на европскиот пазар, а остатокот на источните пазари, изборот на Истанбул за светска промоција добива на значење.

Пробните возење помеѓу две дестинација на спротивните страни на Босфорот на најдобар начин ги симболизираат капацитетите на Torres EVX. Говориме за пробивање низ густиот сообраќај на еден од најпопулираните градови во светот, нели?

 

Оригинал или уште еден од низата на кинескиот наплив?

Најпрво да расчистиме со потеклото – SsangYong (KGM) е чисто корејски бренд кој годинава слави 70 години од своето постоење.

Говорејќи за дизајнерскиот пристап ќе приметиме дека има елементи на новиот стил диктиран од кинеските производители кој највеќе се приметува во внатрешноста.

Сепак, дизајнерскиот јазик има своја специфика која е многу поблиска до домашните, корејски корени отколку до останатите големи производители, кои доаѓаат од Кина.

Во надворешноста поприметна е оригиналноста на обликот, на таа позиција може да се сретнат елементи од корејската симболика, па дури и од националното знаме.

 

Нови технологии

Torres EVX е првиот електричен модел од минатогодишната промена на името. Фактографијата говори за сместување на погонската единица во предниот дел и погон (за сега) само на предната оска.

Применетиот систем е 3-во-1, што значи дека моторот, контролната електронска единица и менувачот (редукторот) се сместени во едно куќиште.

Ако овој систем во потсетува на некој кинески производител, ќе да сте во право. Блискоста на новото раководство на KGM со BYD воопшто не се крие.

Всушност, погонската единица и батериите се директно позајмени од BYD.

За да нема тајни, да истакнеме дека батериите со капацитет од 73,4 kWh се од типот LFP (Lithium Iron Phosphate).

Познате е дека овој тип батерии е многу поефикасен, побрзо се полни, трпи повеќе циклуси на полнење-празнење, а опасноста од пожар е целосно отстранета.

Гаранцијата од 10 години или милион километри (кој услов прв ќе се исполни) доволно говори за довербата на производителот во нивниот квалитет.

 

Возни искуства

Вградениот мотор од 207 КС, за припаѓачката класа, обезбедува надпросечни перформанси – забрзување од 8,1 секунди и максимум од 175 км/ч.

Основниот впечаток за управливоста и целосната контрола над возилото, во оваа фаза од развојот на електричните возила, воопшто не се доведува во прашање.

Исто како и поекономичното возење низ урбани центри отколку при истерување на брзински рекорди. Според WLTP нормите, автономијата од 462 е сосема прифатлива. Во тој контекст полнењето на брз полнач (100 kW) трае 42 минути додека на домашен полнач (22 kW) повторното оживување на батериите ќе се одвива за време од 3 ипол часа.

Torres EVX нечујно и мазно се движи без разлика на подлогата. Задната мулти линк оска има капацитет и за многу похрабри остварувања отколку што се тоа автопатските крстарења. Всушност, авантурите се дел од неговиот карактер.

Посебно поглавје се квалитетот на изработката како и екстремно високото ниво на вградената опрема, но на таа тема ќе се осврнеме во посебен прилог.

Првите впечатоци се исклучително позитивни, а дали цените делумно ќе го заматат тоа чувство ќе видиме откако тие ќе бидат објавени за нашиот пазар.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV