Носител на највредната автомобилска награда во Европа за 2019 е Jaguar I-Pace. Избран од 60 членови на жирито кои доаѓаат од 23 европски земји тој е првиот Jaguar а воедно и првиот целосно електричен SUV кој ја добива оваа награда.
Во крајно незивесна трка помеѓу седумте финалисти, престижната награда оди во витрините на британскиот производител.
Всушност Jaguar I-Pace и Alpine A110 во крајниот исход има ист број на поени (250) а одлучувачки за освојување на титулата беа првите места кај членовите на стручното жири.
На првото место Jaguar I-Pace беше рангиран кај 18 членови на жирито додека за Alpine A110 гласаа 16 членови.
Највредната автомобилска награда во Европа ја прими шеф дизајнерот на Jaguar, Јан Калум, а наградата свечено ќе биде доделена на првиот прес ден на Geneve Motor Show 2019.
Според гласовите на стручното жири резултатите од гласањето беа следни:
- Jaguar I-Pace: 250 поени
- Alpine A110: 250 поени
- Kia Ceed: 247 поени
- Ford Focus: 235 поени
- Citroën C5 Aircross: 210 поени
- Peugeot 508: 192 поени
- Mercedes-Benz A-class: 116 поени
Наградата Car of the Year се смета за нјапрестижна титула во автомобилскиот свет. Во работата на стручното жири учествуваат 60 новинари кои доаѓаат од 23 европски држави. Наградата е востановена во 1964 година а основачи на истата се седум автомобилски списанија од исто толку земји: Германија (Stern), Италија (Auto), Франција (L’Automobile Magazine), Шпанија (Autopista), Велика Британија (Autocar), Холандија (Autovisie) и Шведска (Vi Bilagere).