СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Hyperion XP-1: хиперспортист на водород

Hyperion Motors од Калифорнија го претстави хиперспортистот XP-1 кој со помош на горивни ќелии постигнува екстремни резултати. XP-1 бележи максимални 355 км/ч и има досег од над 1.600 километри.

Ако сте компанија со седиште во Калифорнија јасни се две работи, имате пристап до високата технологија и производите мора да ви бидат еколошки беспрекорни.

Токму таков е концептот Hyperion XP-1 кој првично требаше да биде претставен пролетва во Њујорк, но поради пандемијата светот го здогледа на виртуелна презентација.

Екипа од 200 инженери веќе цела декада интензивно работат на развојот на чисти возила со алтернативен погон, односно возила на електрика која се добива од модулот на горивни ќелии.

Несебична инжинерска помош, Hyperion добива од NASA па затоа од компанијата со гордост истакнуваат дека XP-1 претставува плод на „врвна вселенска технологија развиена во NASA“.

Првичните спецификации јасно откриваат: забрзување до 100 км/ч (62 mph) од 2.2 секунди, максимални 355 км/ч и досег со едно полнење на водород од неверојатни 1.600 километри.

Капа долу за бројкиве, но на што точно се должат тие? Најпрвин цената на продукцискиот модел – планирани се вкупно 300 примероци – сеуште не е соопштена.

И подобро што е така бидејќи композитните материјали, кевларот и титаниумот чинат прилично скапо.

А вкупната тежина на Hyperion XP-1 од точно еден тон, јасно укажува на масовната употреба на овие скапоцени материјали кои првенствено се наменети за вселенската техника.

Бројот на употребени електромотори и нивната силина не е соопштен, но јасно е дека ќе ги има во приличен број, мислам на расположливите електрични коњи.

За обликот на двоседот многумина ќе прокоментираат дека неодоливо потсетува на италијанските спортиви, а сигурно ќе има и такви кои со право ќе приговараат на линии „скинати“ од Bugatti Chiron.

Сериската продукцијата на Hyperion XP-1 е планирана за 2022 година по цена која сеуште не е позната!

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот