СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Honda Integra – Враќање на славното име

 

Споменувањето на името Integra недвосмислено асоцира на култниот спортски модел на Honda кој во периодот од 1985 до 2006 година имаше неколку генерации.

Но повеќе нема да биде така, барем не насекаде низ светот – Honda го извлече славното име од заборав и го намени за новата кинеска лимузина.

Иако Integra не е сосема нов модел туку варијација на 11-тата генерација на седан верзијата на Civic, сепак зрачи со доза свежина која делува допадливо.

Димензиите се скоро идентични, а под поклопецот на моторот е познатиот 1,5 литарски турбо бензинец кој на предните тркала испраќа 182 коњски сили.

За донекаде да го оправда името што го носи, за разлика од новиот Civic кој е достапен само со CVT трансмисија, таа ќе може да се добие и со 6-степен мануелен менувач.

Наскоро ќе се појави уште една Integra, овојпат под ознаките на Acura и наменета за американскиот пазар.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот